Македонија

По 22 години бегство уапсен командант „Бреза“

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела. Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на […]

По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен на подрачјето на скопската населба Ченто. Бајрамовски со години се наоѓал на листата на најбарани лица, со распишана меѓународна потерница поради низа тешки кривични дела.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, акцијата ја извршиле припадници на Секторот за меѓународна полициска соработка.

„На 02.06.2025 на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници го лишија од слобода Х.Б. (43) од Скопје. Лицето било барано по неколку потерници за издржување на казни затвор и за други постапки за тешки кривични дела“, соопштија од МВР за Плусинфо.

Хамди Бајрамовски е осуден на пет години затвор за разбојништво, како и на шест години за неовластено производство и трговија со дрога, а се терети и за низа други дела: изнуда, насилство, недозволено оружје и други.

По апсењето, тој веднаш бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Шутка, каде ќе ја доиздржи казната.

Името на Бајрамовски го привлече вниманието на јавноста и во 2005 година, кога при претрес во негов дом беа пронајдени огромна количина оружје – минофрлачи, гранати за РПГ, униформи, тенковски гранати и над 300.000 куршуми.

Полицијата тогаш го нарече „нелегална воена единица“.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top