Македонија

По 38 години Драги се вратил од Сиднеј во Белица да го поправи ,,флорот” на црквата за селаните да го паметат додека се живи

Внукот ќе организирал ,, everything”

По речиси 4 децении без да го види својот дом нашинецот од Сиднеј Австралија Драги Иваноски се вратил во родното село Белица да го поправи ,,флорот” на црквата за да го запаметат додека се живи.

Чичко Драги во видео објавено од негов соселанец раскажува дека од Југославија избегал во далечната 1969 година а последен пат во Македонија бил во 1988 година.

Драги на симпатична мешавина од Македонски и англиски јазик раскажува дека сега сака да помогне да се направи подот во локалната црква и да се поправи водоводот за селаните да го паметат додека се живи.

,,Нашиот соселанец Драги Иваноски од Сиднеј Австралија, после 38 години, на родното огниште, со сопругата, ќерката и внуката”, објавува Крсто Крстески од Белица.

Драги ветува дека нема да чека да изминат нови 38 години туку веќе следната година пак ќе дојде во Белица.

https://www.facebook.com/watch/?v=666064189299495

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top