Македонија

Почесна артилериска стрелба по повод утрешниот Ден на Армијата

По повод 18 Август, Денот на Армијата, почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата

 

Вечерва во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

По повод 18 Август, Денот на Армијата, почесната артилериска стрелба ќе ја изведе единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

„Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод 18 Август, Денот на Армијата“, наведуваат од Армијата.

Претходно, во 18.00 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со еден плотун.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top