Македонија

Почина новинарот Киро Кипроски

Долгогодишниот новинар и дописник на дневниот весник „Нова Македонија“Киро Кипроски, почина на 76 годишна возраст

 

Кипроски остави силен печат во македонското новинарство со својата посветена и професионална работа, а зад себе остава богато новинарско творештво и траен спомен меѓу колегите и пријателите.

Во текот на својата петдецениска кариера, тој најдолг период помина работејќи во локалното радио Радио Гостивар. Исто така, соработуваше како дописник на МИА, Нова Македонија, Утрински Весник, Макфакс, Радио Скопје, Екран, Дојче Веле, како и со повеќе неделници и списанија од поранешна Југославија.

Кипроски е автор на петнаесетина монографии и книги, за кои има добиено и награди.

На пошироката публика и е познат по своите репортажи и фотографии од патувањата на Света Гора, во Кина, Египет, како и по приказите на спецификите на мијачкиот крај.

Телото ќе биде изложено во 11.00, а Погребот ќе биде во 13.00 часот во недела во старите градски гробишта во Гостивар.

Нека му е вечна слава.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top