Македонија

Почна штипската „Пастрмалијада 2026“

Со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип почна манифестацијата штипска „Пастрамајлијада 2026“

Со традиционално сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип почна манифестацијата штипска „Пастрамајлијада 2026“. Џиновската пастрамајлија беше долга два метри и 10 сантиметри, за нејзина подготовка на пекарот Николче Малинов и неговиот тим им беа потребни 17 килограми свинско месо, четири литри масло за јадење и 20 килограми брашно.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека Штип организациски е подготвен да ги пречека гостите од земјата и странство, за да го вкусат кулинарскиот специјалитет по кој градот Штип е препознатлив, но и да се забавуваат, бидејќи и годинава има музички групи и познати музички артисти од земјата и странство.

-Оваа година на две локации се предвидува да има организирано настани и културно-забавна уметничка програма на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а Градскиот стадион е локацијата на која што ќе се одржи вечерниот концерт на Јован Јованов и Елмир Мекиќ, за да на крај заврши познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. ​Посакувам сè да помине во најдобар ред. Логистички и организационо се подготвивме да бидеме подобри од минатите години во комуникација со надлежните институции. Направен е план за влез на илјадници возила од страна, а во име на тоа апелирам до сите гости кои од околните градови и држави кои планираат викендов да пристигнат во Штип, неколку неколку часа порано да дојдат, затоа што имаат причина повеќе да вкусат штипска пастрмајлија, да се запознаат со градот Штип и да уживаат во богатата програма која е предвидена во овогодинешната манифестација „Пастрмалијада 2026“ – изјави Јорданов.

​Тој истакна дека со организирањето на оваа манифестација се помага и локалната економија и угостителски капацитети.

– Верувам дека илјадниците гости од страна, со прометот кој што ќе го направат практично ќе ја подобрат дејноста на стотици дејности и локални компании кои ќе работат овој викенд во Штип и на тој начин да ѝ помогнеме на локалната економија. Така што, сè на сè, оваа манифестација продолжува од повеќе аспекти, а локалната економија е една од причините зошто се јавуваме како главни организатори и поддржувачи на оваа манифестација – вели Јорданов.

Манифестацијата ќе се одржува на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Гардскиот стадион во Штип. Денеска сите настани се на шеталиштето „Ванчо Прќе“, а познатиот специјалитет пастрамајлија се продава и на двете локации по цена од 250 денари.

Најнови вести од: Македонија

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top