Македонија

Почнува судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Во една од најглемите трагедии во Македонија која се случи на 16 март животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени од кои повеќето потешко

Првото рочиште е закажано во 9:30 часот претпладнево во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа.

Во случајот се обвинети 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. .

Обвинителниот акт опфаќа тешки дела против општата сигурност, меѓу кои и сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот.

Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Обвинетите се товарат по разни основи затоа што во периодот од 2012 до 16.3.2025 година во Кочани, Виница, Штип и во Скопје, како службени и одговорни лица, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето.

Првообвинетите со употреба експлозивни материи – пиротехника во затворен простор предизвикале пожар во „Клуб Пулс“ во Кочани, на место каде што биле собрани поголем број луѓе, при настап на музичката група ДНК, во целосно небезбедни и опасни услови, а поради пропустите на службените и одговорните лица, кои придонеле објектот со дозвола за лесна индустрија да функционира како угостителски …

Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а обвинителството ќе биде застапувано од проширен тим од 15 јавни обвинители, со цел да се обезбеди ефикасна и фер постапка.

Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без сензационализам, со почит кон жртвите и нивните семејства

 

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top