Македонија

Почнува увидот во Избирачкиот список за локалните избори

Граѓаните имаат рок од 20 дена за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список

Јавниот увид во Избирачкиот список започнува денеска и ќе трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ.

ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија на ДИК, чии адреси се објавени на веб страната на Комисијата, и кои ќе бидат отворени од 8 до 20 часот непрекинато и за викенд и за празници.

Последниот ден од увидот на 11 септември подрачните одделенија на ДИК ќе бидат отворени до полноќ.

Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на ДИК или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК.

Со барањето се приложуваат и потребните докази.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат во периодот од 23 август до 11 септември.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top