Македонија

Подобра енергетска ефикасност и услови за децата во градинката „Бамби“ со поддршка од ТИТАН Усје

Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Општина Аеродром за првпат доби термофасада

Објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Општина Аеродром за првпат доби термофасада, со што значително ќе се подобрат енергетската ефикасност и условите за престој на децата. Инвестицијата е реализирана со донација од ТИТАН Усје, како продолжение на долгогодишната соработка на компанијата со локалната заедница во унапредувањето на образовната инфраструктура.

Со оваа инвестиција ќе се овозможи подобра топлинска изолација, намалување на трошоците за загревање во зимскиот период и попријатна температура во просториите во текот на топлите летни денови. Истовремено, објектот добива посовремен изглед и подобри услови за секојдневен престој и развој на децата. Главниот извршен директор на ТИТАН Усје, Константинос Николаoу истакна дека проектот е дел од долгорочниот пристап на компанијата кон поддршка на заедницата и создавање конкретни и одржливи подобрувања во средината во која работи.

„За нас, поддршката на локалната заедница значи иницијатива која носи конкретна и долгорочна вредност. Новата термофасада на градинката „Бамби“ ќе овозможи подобри услови за децата и вработените, но и поефикасно користење на енергијата во објектот. Токму ваквите проекти, кои истовремено придонесуваат за подобар квалитет на престој и за поголема енергетска ефикасност, се важен дел од нашето долгогодишно партнерство со општините и образовните установи“, изјави Николаoу. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески ја потенцираше важноста на соработката со деловниот сектор во создавањето подобри услови во јавните установи на територијата на општината.

„Наш приоритет е децата во Аеродром да престојуваат во безбедни, современи и функционални објекти. Новата термофасада на градинката „Бамби“ е конкретно подобрување што ќе го почувствуваат и децата и вработените, а истовремено ќе придонесе за поефикасно користење на енергијата.

Ваквите партнерства покажуваат дека со заеднички ангажман на локалната самоуправа и општествено одговорните компании можеме побрзо да создаваме подобри услови за нашите најмлади жители“, изјави Митески. Проектот е дел од континуираните активности на ТИТАН Усје во соработка со локалните власти за подобрување на условите во училиштата и детските градинки.

Преку инвестиции во енергетската ефикасност, компанијата придонесува и кон намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и на емисиите на јаглероден диоксид, што е една од главните заложби на компанијата. Во рамките на проектот „Партнерство со училиштата“, која се реализира во општините Кисела Вода и Аеродром, ТИТАН Усје од 2010 година досега инвестираше повеќе од еден милион евра во унапредување на образовната инфраструктура, енергетската ефикасност и безбедносните услови. ТИТАН Усје ја продолжува својата заложба за долгорочно партнерство со заедницата и поддршка на иницијативи што придонесуваат за поквалитетна, побезбедна и поодржлива средина за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една […]

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

Неврологот Барбов се чувствува злоупотребен од Ива: Предложив да се лекува во Бугарија, но таа се преправаше!

Неврологот Иван Барбов вели дека се чувствува злоупотребен од страна на Ива Михаилова, која доаѓала кај него на лекување со посттраумтска повреда по сообраќајната несреќа.

Мицкоски: Бугарските политичари прават естрадна ѕвезда од Ива Михајлова, а од татко ѝ кловн, но двајцата ќе одговараат когаш-тогаш!

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, рече дека е апсолутна лага оти Ива Михајлова легално ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија и изрази жалење што бугарските власти, наместо да ја вратат, прават естрадна ѕвезда од неа порачувајќи дека „когаш-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат пред македонските власти“.

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија, поради утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од нормите

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода.

Венетски: Бугарите имаат криза на идентитетот, се срамат од сопствениот и бегаат кон македонскиот идентитет!

„Со паради и театар, како овој со Цар Самоил или поновиот со Ива Михаилова, Бугарите јасно покажуваат дека имаат класична криза на идентитетот и се срамат од тоа што се, па незадоволни од сопственото бараат друг идентитет, во овој случај македонскиот идентитет.“, изјави истражувачот Дардан Венетски во „За Македонските работи“ на ТВ Алфа.

Најнови вести

To top