Македонија

„Политичарите се како гулабите, кога се долу јадат од рака“ – блокада на Собранието

Од девет часот утринава, двата влеза за коли во Собранието беа блокирани од членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија, за да не можат пратениците да земат патни трошоци за кои, според претседателот на Синдикатот,Трендафилов, наплаќаат како да трошат керозин. Работниците особено се лутат на народните избраници зашто две години го блокираат предлогот од ССМ за зголемување на работничките плати, односно за зголемување на минималната плата и на сите други плати.

Работниците бараат минималец од 600 евра и покачување на останатите плати за 6.000 денари. Блокадите следуваат и покрај договорот на Владата со дел од синдикатите со кој над 10.000 административци ќе потпишат индивидуални договори за процентуално зголемување на платите секоја година.

  • „Такви се ова речи ги  политичарите. Како голубите. Како голубите се. Додека се доле на земја ти јадат од рака, ко ќе се качи горе ти кака на глава. Е такви се они“, велат работниците.

Револтирани, со остри пораки до политичарите, со свирежи и извици „лопови“ работниците ги пречекаа пратениците пред  Собранието на најавената блокада  од Сојузот на синдикатите на Македонија. Порачаа дека народот е на раб на егзистенција и ги повикаа политичарите да го слушнат гласот на народот.

Заменик-претседателот на ССМ, Иван Пешевски, потсети дека патните трошоци на пратениците, поделени на месечна основа, се повисоки од минималната плата на работник во приватниот сектор. Тој повтори дека ќе продолжат со блокадите на пратениците, Владата, министрите и работодавачите. Пешевски пред Собранието нагласи дека животот поскапил за 9.000 денари за две години и тоа се одразува на цените на пазарите. Оттука и нивното барање за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите други плати за 100 евра.

  • „Нема економија и нема држава без работници. Нека се осмелат и нека ги стават своите барања на дневен ред, нека гласаат за нив ако сакаат да обезбедат уште еден мандат, ако не, ние ќе бидеме тука секој ден и ќе блокираме, сè додека не се чуе гласот на работникот“, рече потпретседателот на ССМ

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top