Македонија

Попов: ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите, 250 евра ваучер за електронски уред за 55.000 студенти (ВИДЕО)

Оваа мерка не ја реализиравме пред избори, туку по нивното завршување – затоа што политиката на оваа Влада и на ВМРО-ДПМНЕ се темели на одговорност и чесен однос кон младите“, рече Попов.

Заврши времето на предизборни ветувања и празен популизам. Почна времето на конкретни резултати – време кога институциите работат за младите и народот.

Би сакал да ве информирам дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка на студентите за набавка на електронски уреди. Над 55.000 студенти ќе имаат можност да аплицираат, сите запишани на додипломски студии со ненавршени 29 години, а секој студент ќе добие 15.300 денари – директна поддршка за подобро образование, дигитални способности и поголема конкурентност на пазарот на трудот.

Оваа мерка не ја реализиравме пред избори, туку по нивното завршување – затоа што политиката на оваа Влада и на ВМРО-ДПМНЕ се темели на одговорност и чесен однос кон младите.

Повикот е отворен до 20 декември 2025 година, и затоа ги охрабрувам сите студенти да аплицираат што поскоро.

Како да се аплицира?

Апликацијата се поднесува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

Студентите кои се во евиденција на МОН се најавуваат на порталот, ја избираат услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“ и ја испраќаат апликацијата без прикачување документи. Системот веднаш го генерира електронскиот ваучер.

Ако системот утврди дека студентот не е во евиденцијата на МОН, тој автоматски го пренасочува кон посебна услуга, каде треба да прикачи потврда за редовен или вонреден студент. По комплетирањето на апликацијата, системот го издава ваучерот.

Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористување на ваучерот, студентите ќе може да го подигнат електронскиот уред кај овластените економски оператори до 31 декември 2025 година.

Почитувани млади,

Вашата генерација е двигателот на промените што ги правиме. Ве повикувам да бидете активни, иновативни и храбри – да ја користите секоја можност што ја нуди животот. Вашата идеја, вашата иницијатива и вашето учество се најсилната гаранција дека Македонија ќе оди напред.

Ова е само првиот чекор во поширокиот пакет на младински политики што следуваат. Нашата цел е јасна: да создадеме систем во кој младите ќе останат дома, ќе напредуваат дома и ќе успеваат дома.

Како Унија на млади сили, ќе продолжиме да се бориме за реални политики, за модерно образование и за услови кои ќе ви овозможат да бидете генерацијата што ќе ја изгради новата Република Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top