Македонија

Посета на воен претставник од САД: командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт доаѓа во Македонија од 9-11 декември

Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт ќе престојува од денеска до 11 декември во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти Армијата на Република Македонија, по пречекот со високи воени почести генералот Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата на АРМ генерал-мајорот Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Според агендата, во текот на престојот е предвидена е и средба со претседателката на Република Македонија и врховен командант на Оружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и и со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Во рамки на посетата, како што информираат од АРМ, командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајорот Грегори Најт ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, каде што се предвидени средби со раководството на Академијата.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top