Македонија

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Денес, на 23 август 2026 година, во дванаесетата недела по Педесетница во храмот „Св. Димитриј“ во село Теарце, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф одржа богослужба во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво. Потоа во дворот на храмот беше откриена и осветена биста  на учителот и просветител родум од Теарце Свети Кирил Лешочки.

Митрополитот Јосиф се обрати кон присутниот народ со пригодна беседа, во која истакна: ,,Денес, преку ова спомен обележје, пред нашите очи се издигнува ликот на Преподобниот учител Кирил Лешочки, кој е роден пред 255 години токму овде во Теарце. Оваа биста што ја откриваме во неговото родно место не е обичен споменик од камен или бронза. Таа е паметник на еден особено значаен македонски духовен подвижник. Сведоштво е за човекот, кој со книга и крст го разбуди заспаниот дух на нашиот народ. Овој споменик кој го подигнавме во негова чест не само што нѐ потсетува на неговиот лик и дело, туку и нè потсетува дека како христијани сме повикани да ги почитуваме светителите, следејќи го нивниот подвиг во верата. Свети Кирил ни остави пример како треба да постапуваме. Тој преку своите дела нè потсетува дека писменоста без вера е празна, а верата без добри дела е мртва. Затоа кога ќе поминеме покрај оваа биста, или кога ќе ја видиме неговата икона да се потсетиме на неговиот тивок, но силен глас: да си го чуваме јазикот од лаги, да го сакаме Бога, да го почитуваме својот род и да бараме мир со сите луѓе. Нека Светиот преподобен Кирил Лешочки родум од вашево славно Теарце, биде наш патеводител, заштитник на ова место и постојан молитвеник пред престолот на Севишниот! Амин“.

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и со животот во кој доследно живеел живот на народен учител што подучува, оставил скапоцен придонес кон македонската книжевност и култура. Со просветителските идеи за собирање книжно наследство, за пишување и за печатење книги на јазик што ќе биде разбирлив за народот, тој станува голем културен деец на македонското просветителство. На 16 октомври 2022 година, Кирил Пејчиновиќ бил прогласен за светец од страна на Македонската православна црква, а како датум за негова прослава е определен 25 март.

Означувајќи го Пејчиновиќ како „првиот стихотворец во новата македонска литература“, Блаже Конески, врз основа на подробна научна анализа, констатира дека неговото дело е придонес кон македонската преродба во 19 век и оти го означува преминот кон творењето литература на македонски народен јазик.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски

Најнови вести

To top