Македонија

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец (30) исто како него ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку општествените мрежи

На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин, кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини, чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Осомничениот, преку посебно креирана страница на социјалната мрежа фејсбук, споделувал содржини кои предизвикуваат национална и етничка дискриминација со што поттикнувал омраза кон македонската држава и идентитет. По претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност, полициски службеници извршија претрес и одзедоа пропаганден материјал што 30-годишниот скопјанец го отпечатил со намера да го дистрибуира во земјава.

На ваквите активности осомничениот бил поттикнат од бугарски државјанин кој подолг период на социјалните мрежи и на други портали објавува содржини чија цел е поттикнување омраза, нетрпеливост и насилство.

Јавното обвинителство, во соработка и со координација со другите надлежни органи, продолжува да презема дејствија за обезбедување докази.

Најнови вести од: Македонија

To top