Македонија

Потврдена средбата Муцунски-Петрова, Македонија ќе порача дека може да се најде решение само со дијалог

Сподели
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е добиена официјална потврда за одржување билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова утре во Софија, каде се одржува Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Форматот и начинот на нејзиното одржување, додаде Мицкоски, дополнително ќе бидат утврдени преку дипломатски ноти.

„Во текот на вчерашниот ден добивме официјална потврда за средба, а форматот и начинот дополнително ќе бидат договорени, стои во дипломатската нота. Така што утре ќе има  средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside (кратка, неформална и често непланирана средба меѓу двајца или повеќе државници или претставници на маргините на некој поголем настанок, без формален дневен ред – заб.прев.), дали ќе биде во заднината на Самитот за Коридорот 8. Сепак, ова е повеќестран настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.

За пораките што ќе бидат испратени на средбата премиерот истакна дека во во средиштето на разговорот ќе биде нагласувањето дека само со дијалог може да се надмине моментната состојба.

„Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме“, истакна Мицкоски.

Во однос на пораката од претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која упати апел уште еднаш да се согледа европската политика за проширување и проблемот да не се претставува само како билатерален, премиерот Мицкоски порача дека ги познава европските вредности, но дека дел од земјите-членки ги заборавиле откако се интегрирале.

„Благодарам на советот. Јас во својата младост поминав многу години во самата Европска Унија и мене ми е многу јасна Европската Унија, јасни ми се вредностите на Аденауер, Шуман и Де Гаспери. Но, претпоставувам некои од земјите членки коишто се удобни во фотелјите во Брисел ги заборавија откако станаа земји членки“, истакна Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество.

Глобалните финансиски кризи, геополитичките тензии, климатските промени и забрзаниот технолошки развој наметнуваат нови барања пред централните банки

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

To top