Македонија

Потврдени 35 случаи на западно-нилска треска, 6 лица на интензивна нега

Додека во изминатите години се правеле околу 40 анализи годишно, сега се спроведуваат меѓу четири и осум анализи дневно

Во Македонија во моментов се потврдени 35 случаи на западно-нилска треска, додека три случаи се суспектни и се во процес на дијагностицирање. Шест пациенти се во критична состојба и се лекуваат на одделите за интензивна нега на Инфективната клиника, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА.

Најголем дел од пациентите со потврдена инфекција се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, додека еден пациент се лекува во приватна здравствена установа.

Според Клековски, досега од западно-нилска треска починале три лица, а 15 пациенти оздравеле и биле отпуштени од Клиниката за инфективни болести.

Клековски информираше дека здравствените установи се подготвени за зголемен број случаи и дека значително е зголемен капацитетот за дијагностика.

Додека во изминатите години се правеле околу 40 анализи годишно, сега се спроведуваат меѓу четири и осум анализи дневно. За конечна потврда на дијагнозата, како што објасни министерот, потребни се два независни теста.

Дополнително, здравствените работници кои можат да дојдат во контакт со пациенти со сомнение за инфекција се веќе информирани за препознавање и дијагностицирање на болеста. Известени се инфективните одделенија, матичните лекари, семејните лекари, како и Клиниката за неврологија и невролозите.

Во однос на географското мапирање на случаите, Клековски нагласи дека треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на пациентите и местото каде што реално се заразиле со вирусот.

Министерот посочи дека Атина во моментов е едно од најактивните подрачја во Европа кога станува збор за западно-нилската треска. Во Грција досега се регистрирани 81 случај на невроинвазивна форма на болеста и девет смртни случаи, а случаи веќе има и во пограничните области со Македонија.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top