Познатата македонска естрадна новинарка Билјана Крнческа од Прилеп објавува преписка со Роберт Саздов директор на фестивалот Макфест во Штип во врска со објава на пејачот Зоран Ванев кој остро го критикуваше Саздов за начинот на водење на музичкиоѕ настан.
Крнческа тврди дека Саздов и се заканувал само затоа што ја објавила реакцијата од Ванев.
,,Роберт Саздов еднаш засекогаш потврди дека е далеку од професионален уметнички директор на Макфест бидејќи се осмелува да ми се заканува како единствен новинар кој имал срце да ја пренесе реакцијата на Зоран Ванев. Затоа, на Саздов и на целата сцена му е јасно дека нема да дозволам вие да ми одредувате како ќе ја работам мојата новинарска професија, а уште помалку дека ќе бидам заплашен од вашите закани што сте научиле од позиција на моќ да ги упатувате. Што се однесува до моите други колеги кои, како што споменав, молчат за ваквите жестоки реакции, тоа е нивен избор, но очекувам да реагираат на оваа вербална закана кон мене бидејќи каубојското однесување не смее да се дозволи во уметноста, музиката и културата”, пишува новинарката овјавувајќи порака од Саздов.
„Мораше веднаш да се објави, а?
Не можеше да се почека, така?
Иако добро знаеш дека сѐ што таму пишува не е точно и е комплетна лага.
На крај излезе дека ти си единствената што го објави тоа.
Никој друг.
Алал да ти е.
Повеќе не постоиш за мене“, и напишал Саздов на новинарката.
Реакцијата се однесува на објавата на Зоран Ванев кој ги обвини Саздов и Јован Јованов за повеќе сериозни работи меѓу кои и киднапирање на Макфест и за перење пари.
Целата објава на Ванев:
МАКФЕСТ Е КИДНАПИРАН И ПРЕТВОРЕН ВО ПРИВАТЕН БИЗНИС!
ОСНИВАЧОТ СТОЈАН ТРОИЦКИ ЈА ПОТВРДИ СУРОВАТА ВИСТИНА!
Доста е молчење! Ова не е прашање на политика, ова е борба за музиката, за народот и за спас на јавните пари од приватни шеми!
Моето јавно разоткривање за тоа како најстариот и најпрестижен македонски музички фестивал „Макфест“ е киднапиран и претворен во приватна фирма од страна на еден музички клан, денес доби историска и шокантна потврда.
Човекот кој го создаде Макфест, визионерот и основач Стојан Троицки, јавно го кажа она што целата музичка фела го шепоти!
КРИКОТ НА ОСНИВАЧОТ: „МАКФЕСТ ОДАМНА НЕ Е ШТИПСКИ ФЕСТИВАЛ, ТУКУ Е ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ!“
Кога самиот основач ќе излезе со ваква поддршка, маските конечно паѓаат. Прочитајте ги внимателно неговите зборови:
💬 Зоран Ванев,моите честитки за искрените заложби за ревитализација на Макфест.Повеќе пати давав назнаки за сето тоа што го пишуваш,но Општината и државата убиваат со миочење.Добро си ги лоцирал работите,ама чинам дека мочењето ќе продолжи,зашто Макфест одамна не е штипски фестивал,туку партиски приврзок за перење пари.Те поздравувам и охрабрувам да продолжиш,до колу не наидеш на партиска блокада.Му се обраќаш на градонаќалникот,? И јас пробав нешто да му кажам,но никогаш не се стретнавме за тие нешта.Тажна е приказната за Макфеср.
— Стојан Троицки, основач на Макфест https://www.facebook.com/stojan.troicki
КАКО ОВОЈ ПРИВАТЕН КЛАН СИ ИГРА СО НАРОДНИТЕ ПАРИ?
Она што Троицки го нарекува „перење пари“, јас детално го лоцирав во моето Отворено писмо. Овој фестивал со години е во приватна сопственост на добро позната мрежа на лица, предводена од уметничкиот директор Роберт Саздов и неговиот соработник од сенка, Јован Јованов!
Нивното раководење е класичен пример за изигрување на правилата преку однапред договорени приватни зделки:
• Фарсата наречена „Јавен конкурс“: Конкурсот финансиран од парите на граѓаните на Штип е само правен параван. Секоја година шаблонски се примаат само 10 песни, а останатите масовно се одбиваат со изговори за „трендовски недостатоци“.
• Писмен доказ за местенки во четири очи: Над 70% од песните на фестивалот се договараат зад затворени врати! Постои писмена е-маил комуникација од организацијата во која отворено им се соопштува на авторите дека ако се работи за „ѕвезди“, конкурсот за нив едноставно не важи и местото им е загарантирано!
• Истиот клан, истите скандали: Ова е истата групација која стоеше зад скандалот на Скопје Фест 2014 со масовно купување СИМ-картички за испумпување народни пари. Ова е истата групација која го монополизираше системот за наплата на авторски права во ЗАМП. Денес, истиот тој принцип го пресликаа врз општинската каса во Штип!
• Уништување на квалитетот за личен профит: Го укинаа ревискиот оркестар и живата изведба под превез на „модернизација“. Вистинската цел? Кратење на трошоците за вистинските музичари, за да остане поголем буџет за сомнителни менаџерски провизии и евтини плејбек-настапи на нивни инстант-изведувачи.
• Врвот на дрскоста — Пастрмајлијадата: Како да не им е доволен Макфест, истите лица, веројатно искористувајќи го незнаењето на организаторите, се наметнуваат и како „ѕвезди“ на Штипската пастрмајлијада! Парите на граѓаните на Штип постојано циркулираат во џебовите на истиот музички клан.
ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ И СПАС НА МАКФЕСТ!
Ова не е прашање на повредена суета, туку на ненаменско трошење на парите на народот! Доказите се тука, писмените признанија се сочувани.
Јавно барам одговорност и поддршка:
1. Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Финансиската полиција итно да направат длабинска ревизија на сите договори, провизии и фактури во организацијата на „Макфест“ во последните неколку години!
2. Истражните новинари да го следат текот на парите: колку реално чини фестивалот и на чии приватни сметки завршуваат општинските средства?!
3. Апелирам до Градоначалникот на Општина Штип силно, гордо и бескомпромисно да продолжи да го поддржува овој најубав фестивал во Македонија, како што доликува на еден градски татко. Но, таа поддршка да им се даде на вистински професионалци, автори и чесни луѓе, кои ќе го вратат изгубениот квалитет и сјај на „Макфест“!
Општината и Штипјани не смеат да бидат искористени од профитери кои ги цедат јавните средства за свои лични и приватни интереси.
„Макфест“ е на народот, на Штипјани, на пејачите и авторите од целата наша држава — а не приватна тезга на Саздов и Јованов!
Нема да престанеме додека не го вратиме фестивалот таму каде што припаѓа!
Вистината излезе на видело. Време е за музика и чесност!
Со почит,
Зоран Ванев