Македонија

Пожар над Батинци, има индиции дека е намерно подметнат

Поради ветерот кој дуваше, пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на терен

Имаме целосна контрола врз пожарот над селото Батинци, општина Студеничани, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Ангелов информира дека пожарот избил денеска, околу 13 часот и додаде оти се работи за силен пожар за кој, како што рече, има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот.

– Поради ветерот кој дуваше, пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на терен со неколку возила, а и помогнаа два пинцгауери на ДЗС, управувани од полицајци од ЕБР. Но, поради опасноста да биде зафатено и селото Батинци, бидејќи пожарот се движеше во насока на Батинци, по барање на директорот на ЦУК Муахмед Али испративме и еден хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на Дирекцијата кои помогнаа во брзо воспоставување контрола над овој пожар. Имаме целосна контрола врз пожарот. Има горење уште во долот зад мене, но продолжуваат со дејство ер тракторите и хеликоптерот. Верувам дека набргу ќе биде ставен под апсолутна контрола, а набргу потоа и целосно изгаснат, изјави од терен директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Тој истакна дека се работи за надмерно подметнат пожар, кој предизвикал паника кај населението дека потвторно е запалена депонијата „Дрисла“.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

To top