Македонија

Празните училишта да станат домови за стари лица!?

Стотина подрачни училишта во 20 општини во кои нема или има мал број на ученици се затворени.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека повеќе подрачни училишта во земјава ќе добијат клуч на врата бидејќи во нив учат премалку деца.

Јаневска вели дека станува збор за објекти кои се веќе празни и дека не можат да бидат пренаменети во градинки или нешто слично бидејќи нема деца во тие населени места.

„Не можам да ви кажам точна бројка, затоа што и тоа не е многу едноставно. Ако подрачно училиште е 30 километри оддалечено од централното, тоа нема да се затвори макар и едно дете да има таму, нели? Тоа е логиката. Тоа едно дете има право на образование.

Но, ако е на 2,5 или на 3 километри, секако, а таму учат 15 деца секако тие ќе се приближат во централното. Ова е сериозен процес. 20 општини се оптимизирани веќе, а во овој момент се работи уште,  изјави министерката за Радио Слободна Европа.

Министерката за образование им порача на градоначлниците да ги искористат празните училишта за друга намена. Спроведена е оптимизација и околу стотина подрачни училишта во 20 општини во кои нема или има мал број на ученици се затворени.

„Одреден број училишта се затворени. Не ме сфаќајте за збор, мислам дека околу стотина училишта подрачни веќе се затворени. Некои без да го почнеме ние процесот затоа што таму нема веќе деца. Стојат така зградите.

Им препорачувам на градоначалниците да им најдат нова употреба, од нас нема да имаат никаков проблем. Оти не се ни за градинка, нема деца, но можат нешто друго… не знам, можеби старски дом, можеби некаков клуб и така натаму.

 

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top