Македонија

Предизборна провокација на Дехари кон Македонците: Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се обединат и да се мобилизираат Албанците!

Дали се уште постојниот градоначалник на Кичево и кандидат на ДУИ за четврти таков мандат Фатмир Дехари смета дека овој град и општина се некаква „етничка сопственост“ на Албанците и на неговата партија? Бидејќи, организацискиот секретар на ДУИ и поранешен вицепремиер Артан Груби, сега веќе бегалец од правдата, на предизборен митинг на ДУИ во Кичево спроти локалните избори во 2021 година ќе каже: „Кичево е воен плен од 2001 година и Македонец не смее да биде градоначалник на Кичево!“

„Нека се вее албанското знаме над Кичево, да се мобилизираат Албанците!“ – објави градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари на фејсбук, заблагодарувајќи им се за поддршката на своите сонародници и сограѓани. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Натаму, покрај другото, порталот наведува: Покрај оваа порака, Дехари упати и повик за обединување на Албанците и за посветеност кон општината. Тој е градоначалник на Кичево од 2013 година.

Најнови вести од: Македонија

Савевски: Почеста употреба на гаранција како мерка за обезбедување присуство наместо притвор

Доколку некој побегне, а оставил гаранција – тој имот, недвижен или подвижен имот, како и да е, има одредена вредност. Таа вредност, доколку побегне, останува сопственост на нашата држава, вели новиот државен обвинител

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top