Македонија

Прегазил жена на пешачки и побегнал (ВИДЕО)

Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје

На пешачки премин во центарот на Скопје,синоќа била прегазена жена, а несовесниот возач побегнал од местот на настанот, информира Скопјанка, која објави видео на социјалната мрежа Фејсбук.

Несреќата се случила на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Очевидци сведочат дека жената уредно поминувала на пешачки премин, а по несреќата е пренесена со Брза помош на лекување.

МВР ги прегледува безбедносните камери во околината за да го идентификува и пронајде џипот и возачот. Засега нема официјални информации за несреќата.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top