Премиерот ќе изврши увид во градежните активности во Гази Баба
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Гази Баба, каде што ќе изврши увид во градежни активности на неколку проекти
1 минута за читање
facebook.com/VladaMK
Премиерот ќе изврши увид во изградба на спортско-рекреативен центар „Идризово“, во изградбата на градинка Трубарево и увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром – проект кој е финансиран од вториот повик на Владата за поддршка на проекти на општините, соопшти владината прес-служба.