Македонија

Премиерот Мицкоски очекува есенва камен-темелник за инвестицијата од милијарда евра во гасификацијата на Македонија!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок, на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „Акса“ за најавената инвестиција од милијарда евра во гасификација и конечно, ако сѐ оди според планот наесен, да почне со камен-темелникот во 2026 година.

Енергетскиот конзорциум „Акса“, од турската компанија „Казанчи Холдинг“, со која Владата претходно потпиша меморандум за соработка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти. За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицоски нагласи дека студијата за изведливост е направена од реномирана светска куќа, а параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани.

„Не е само овој проект со вредност до милијарда евра – имаме уште неколку проекти кои се работат и се разработуваат во делот на гасната инфраструктура и когенеративните гасни централи. Очекувам наскоро и за нив, преку прес-конференција, да ги информираме граѓаните што е тоа што е сработено“, изјави Мицкоски.

Енергетскиот конзирциум „Акса“, од турската компанија „Казанчи Холдинг“ со која Владата претходно потпиша меморандум за соработка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.

Со нив, како што беше претходно објавено има план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво – инвестиција од над една милијарда евра.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

TВ 21: Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници нелегални приклучоци

Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, вода не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шар“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Ова го објави ТВ 21.

Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на сите пешачки патеки, заради побезбеден и поуреден јавен простор за граѓаните на Скопје!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски објави дека од денес е започната широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел да има побезбеден, поуреден и посовремен јавен простор за сите граѓани.

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка

To top