Македонија

Премиерот најавува консултации за избор на омбудсман – потребно е „бадентерово мнозинство“

Мицкоски најавува дека во периодот што следува ќе има средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител, за кој е потребно Бадентерово мнозинство

„Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува Европската комисија за напредокот на Македонија како држава.

И доколку сите сакаме да се придвижиме напред, доколку сите имаме желба да ја видиме земјата како рамноправен дел во рамки на Европската унија, тогаш не гледам причина зошто едно такво решение да не поддржано и сето ова да не биде завршено“, најави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

По заминувањето на досегашниот народен правобранител Насер Зибери во пензија, собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата го предложи Фатон Сељами за народен правобранител, но тој не може да биде изгласан затоа што нема доволен број пратеници за гласање по Бадентер, односно недостигаат гласовите од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

TВ 21: Над 16 илјади корисници не плаќаат за вода во Тетово, илјадници нелегални приклучоци

Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, вода не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шар“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Ова го објави ТВ 21.

Најнови вести

To top