Македонија

Пресвртница во американско – македонското партнерство, Агелер задоволна што му се придружила на премиерот Мицкоски

Доказ за непоколебливата американска поддршка

Пресвртница во американско – македонското партнерство, вака  амбасадорката на САД Ангела Агелер ја означува вчерашната церемонија на предавање на воените возила на Македонија.

 

Агелер е задоволна што им се придружила на премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот на АРМ Лавчиски на церемонијата.

За неа ова е доказ дека Македонија е цврст сојузник на НАТО.

 

,,Какво задоволство е да им се придружам на премиерот Мицкоски, министерот за одбрана Мисајловски и началникот на Генералштабот на ГШ на АРМ, генералот Лафчиски, за да ја одбележат испораката на 29 нови JLTV возила, пресвртница во американско – македонското 🇺🇸🤝🇲🇰 партнерство. Овие возила се физичка манифестација на македонската улога како цврст сојузник на НАТО и непоколебливата американска поддршка на нашите заеднички безбедносни цели. Заедно, градиме модернизирана војска и партнерство кое е сила за мир и стабилност.

Најчитани статии

Вознемирувачка пополноќна дојава на меѓународното леталиште Скопје

Драма на скопскиот аеродром, закана за бомба предизвикала вознемир на Петровец

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top