Македонија

Претседателката изворно информирана за проблемите со депонијата Буково

Здравиот живот директно е предодреден од здравјето на природата, па штитејќи ја неа, се штитиме себе си

Претседателката на средба со граѓани и активисти била изворно информирана за проблемите со депонијата Буково која се наоѓа во близина на Охрид.

 

На средба со основачите на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ – Охрид, Драгана Карашова, Ѓорѓи Љатко, Симеон Карашов и Љиљана Илиевска таа била информирана за нивните активности во справувањето со отпадот на депонијата „Буково“ и воопшто, со заштитата на животната средина во Охрид и околината.

 

 

,,За нив состојбата сѐ уште е загрижувачка, со оглед на фактот дека депонијата честопати се пали, ширејќи чад со канцерогени материи, коишто стигнуваат до градот и околните населби.

Разговаравме и за можното трајно решение, врзано за регионална депонија, како и за потребата од оневозможување на депонирањето на отпадот, преку Законот за комунална полиција”, објави претседателката која вели дека за сите е неспорно дека идеја водилка во заштитата на животната средина мора да биде еколошката филозофија и ,,дека нашиот здрав живот директно е предодреден од здравјето на природата, па штитејќи ја неа, се штитиме себе си”.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

To top