Македонија

Претседателката на Македонија по повод 80-годишнината на ОН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право, потсети претседателката Гордана Сиљановска Давкова

„Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во видео порака по повод 80. годишнината од основањето на ОН.

Таа додава дека осумдесет години подоцна многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани.

Мултилатералниот систем заснован на правила сега е распукан од тежината на растечката мултиполарност. Поради тоа што се сѐ повеќе парализирани кога е најпотребно, Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“, до стариот светски поредок во кој силните прават што можат, а слабите трпат што мораат. Македонските граѓани искусија некои од овие двојни стандарди уште од првиот ден на нашето членство во ОН во 1993 година“, истакнува претседтелката Сиљановска-Давкова.

Претседателката на Македонија додава дека сепак, верува оти малите земји треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со реформирани и силни ОН во центарот.

Го усвоивме Пактот за иднината како обновен глобален општествен договор, бидејќи сите страни споделуваат одговорност не само во почитување на своите права, туку и имаат и должност да се грижат за системот.

Оваа 80. годишнина е повик за будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава планета. Среќен роденден, Обединети Нации!“, нагласува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во пораката по повод 80. годишнината од основањето на Организацијата на обединетите нации ООН

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top