Македонија

Претседателката на отворање на олимписки настан: Спортот има огромна моќ да обединува, да ги брише расните, етничките, верските и социјалните разлики

Генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека е голема честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал на којшто се собраа околу 4000 спортисти коишто како што вели таа ,, Јa манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт”.

 

,,Летниот европски младински олимписки фестивал е врвен спортски чин, симбол на младост и на витештво во натпреварувањето, генератор на заедништво и на солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог.

 

Неспорно е дека спортот има огромна моќ да обединува, да ги брише расните, етничките, верските и социјалните разлики, да овозможува рамноправна битка, од која, без оглед на конечниот резултат, сите учесници се морални победници.

 

Ги охрабрувам во спортските битки да го вложат најдоброто од себе и им посакувам успех на натпреварите”, порача Сиљановска Давкова во поздравниот говор на настанот.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

To top