Македонија

Претседателот на Уставниот суд открива притисоци врз највисокиот суд во Македонија

Тоа е резултат на уставноправната некултура што владее во општеството, тоа е одраз на политичката некултура

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во интервју за „Нова Македонија“ остро ја критикува политичката интервенција во работата на Судот и порачува дека притисоците врз уставните судии се резултат на „уставноправна и политичка некултура“ во општеството.

„Кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите!“, категоричен е Костадиновски. Тој посочува дека послушноста на Судот во минатото довела до разнишана правна држава, слабо владеење на правото и историски најниска доверба на граѓаните во институциите.

,,Има јавни притисоци и обиди за влијанија и сметам дека сите сме свесни и ги гледаме. Тоа е резултат на уставноправната некултура што владее во општеството, тоа е одраз на политичката некултура. Но Уставниот суд не е играчка во рацете на политичарите и треба да запомнат дека кога политиката сака послушен суд, тогаш има проблем со Уставот, а не со судиите! Резултатот од послушен Уставен суд доведе до состојба на големи предизвици со владеењето на правото, разнишана правна држава, недоверба кај граѓаните. Тоа ли е вистинската заложба и намера на политиката? За тоа ли граѓаните им ја даваат довербата, за да ја саботираат или да ја градат правната држава”, прашува Костадиновски.

Според него, Уставниот суд низ годините не ги оправдал целосно очекувањата на јавноста. Имало периоди кога Судот бил „прекумерно компромисен со политиката“ и дури „наликувал на подрачна единица на Владата“, но и периоди на поголема независност.

„Одговорот на прашањето дали Уставниот суд успеал да ги оправда очекувањата е едноставен. Одговорот е не или, во најмала мера, не ги оправдал целосно очекувањата“, вели Костадиновски, додавајќи дека компаратор за тоа е состојбата со владеењето на правото и довербата на граѓаните.

Тој истакнува дека во последните две години Судот е значително поактивен и поприсутен во јавноста, што предизвикува „нервоза“ кај политичките структури и дел од државните органи.

„Тоа значи само едно – дека Судот излегол од летаргијата и дека добро си ја врши работата“, нагласува претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски повторува дека судиите не смеат да носат „прифатливи“ одлуки, туку исправни одлуки базирани на уставноправни аргументи, а не на тековните политички апетити. Тој повикува на храброст и судски активизам кој ќе постави јасна граница на политичкото влијание.

Говорејќи за притисоците, тој признава дека тие се видливи и јавни, но ги атрибуира на општата некултура кон Уставот.

Судот, според него, не смее да биде „играчка во рацете на политичарите“.Во рамки на борбата против дезинформациите и лажните наративи за работата на Судот, Костадиновски najави дека следната недела ќе биде промовирана нова комуникациска платформа „Дознај факти од Уставен суд“, преку која граѓаните ќе добиваат точни, официјални и јасни информации директно од институцијата.

Интервјуто доаѓа во време на засилени дебати за улогата и независноста на Уставниот суд, кој во изминатите 62 години од своето постоење често бил на удар на политичките критики од различни страни.

Најнови вести од: Македонија

Екстрадицијата на Груевски продолжува и покрај наводното унгарско државјанство

Министерството за правда соопшти дека Никола Груевски, и покрај објавите за стекнување унгарско државјанство, останува државјанин на Република Северна Македонија и дека постапката за неговата екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство и меѓународните конвенции.

Нема никакви проблеми во авиосообраќајот, велат од М-НАВ

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. 

Матура 2026: Tри испити, една генерација и старото прашање – Што навистина проверуваме?!

Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од државната матура за повеќе од 14.500 матуранти во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура. Првиот екстерен испит ќе се полага на 6 јуни од 9 часот, а учениците ќе избираат меѓу странски јазик, математика или историја, во зависност од типот на матурата. Најголем дел од кандидатите – 13.208 се пријавени за англиски јазик.

Премиерот очекува детали за идејата за постепена интеграција во ЕУ на самитот во Тиват

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ги следи новите идеи за проширување на Европската Унија, но оцени дека е рано за коментари сè додека предлозите не добијат официјална форма.

To top