Македонија

При 18.000 празни работни места, 32.000 семјства примаат социјална помош

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади

Илјадници работоспособни лица примаат социјална помош, додека голем број работни места и понатаму остануваат празни, вели заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во неделното интервју за Радио Сободна Европа.

Велковски на оваа тема говори во контекст на прашањат за доцнењето на исплатите на социјална помош, дефицититот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и мерките за потикнување на младите за влез на пазарот на труд и отворање сопствени бизниси.

Според заменик-министерот сите статистики со кои располагаат покажуваат дека во Македонија сè уште има доволен број луѓе што можат да бидат вработени, но потребно е, како што додава, репрограмирање на системот во државата за да се пополнат испразнетите работни места кои, вели, ги има околу 18 000.

„Ќе дадам еден пример – во системот на социјална заштита денес имаме 32 000 семејства што користат гарантирана минимална помош. Семејства во кои имаме баба, дедо, татко, мајка, ќерка, син, кои во најголем дел се полнолетни и работоспособни како граѓани. Потенцијал има, но да го репрограмираме буквално системот во државата. Не може само Министерството за социјална политика да делува и да прави активни мерки.

Потребен е заеднички ангажман на целата држава и другите министерства кои треба заеднички да направат оваа потреба на работна сила која годинава, според податоците, има околу 18 000 испразнети работни места и тој јаз може да се надомести и од други ресурси што со години биле оставени надвор од пазарот на труд“, вели Велковски.

Според него, од 40 милиони евра што се издвојуваат годишно за активни мерки за вработување, 60 проценти се наменети за млади. Целта, како што наведува, е младите да бидат мотивирани, дел да отворат сопствен бизнис или стартап, а дел да се вработат кај дел од познати и големи работодавачи.

„Тоа е мотив за младите до 29 години, како најпотребна работна сила, да останат дел од пензискиот систем во Македонија“.

Дополнително, додава тој, проблем е и сивата економија, каде што луѓето не плаќаат придонеси, што директно го ослабнува пензискиот систем.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top