Македонија

Пријавил дека има поставена бомба, за да си оди порано дома

Ноќеска во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба – уапсен е

Р.Б. од Кичево е лишен од слобода откако признал дека лажно пријавил дека има поставена бомба во термоелектраната.

На 05.03.2026 во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба.

По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и дека се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. е пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода. Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

To top