Македонија

Притвор од 48 часа за А.И. и Д.С. осомничени за петте тони марихуана, запленети во Србија

Како резултат на преземените дејства и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека двајцата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Србија. Поради тоа јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера на двете лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени во врска со запленетиот канабис во Србија, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа, соопшти денеска ОЈО ГОКК.

„Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор. Барањето за определување краткотраен притвор е со цел да се обезбедат лицата и да се овозможи доволно време на јавниот обвинител за преземање на неопходните процесни дејствија и донесување соодветна одлука за понатамошно постапување. Во вакви случаи, особено кога се работи за предмети со поголема сложеност, како и предмети со меѓународен карактер, временските рокови често се ограничени, што ја оправдува примената на оваа мерка“, се вели во информацијата од ОЈО ГОКК.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува со интензивно постапување во предметот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошниот тек, согласно законските можности, додава ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top