Македонија

Приведен кавадарчанец кој пијан направил сообраќајка

Кај Б.К. (31) било утврдено дека имал 2,92 промили алкохол во крвта

Вчера во 21:15 часотво Кавадарци, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Кавадарци го лишија од слобода Р.С. (29) од Кавадарци кој возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа..

„При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна несреќа во која учествувал со патничко возило „Фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.К. (31) од Кавадарци, утврдено е дека возел под дејство на алкохол, поточно во неговата крв се измерени 2,92 промили алкохол.

Тој е приведен во полициската станица, известен е јавниот обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „небрежно управување со моторно возило“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

To top