Македонија

Привремено се затвораат подрачните училишта во Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче во делчевскиот крај, нема ученици

Четирите подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа, поради големото намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на седница на Советот на Општина Делчево по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Општинскиот советник за образование Ванчо Новоселски објасни дека одлуката е донесена по детални анализи на бројот на ученици, финансиските последици и по консултации со родителите. „Причината е големото намалување на учениците во подрачните училишта, но и тоа што годишните трошоци за струја, плати, вода и огрев за овие четири училишта достигнуваат околу 10 милиони денари.“ – образложи Новоселски.

Според Новоселски, дополнителен показател е и односот наставник-ученик. Просекот на национално ниво е еден наставник на 17 ученици, а во Делчево тој однос е значително полош, со тенденција на натамошно намалување на бројот на учениците во подрачните училишта. Како пример Новоселски го посочи училиштето во Ѕвегор, каде што од четири ученици, три веќе се запишуваат во централното училиште, а во дел од подрачните училишта се формираат комбинирани паралелки со само неколку деца.

На одлуката ѝ претходел план за оптимизација, изготвен од општинска работна група. По одржаните состаноци сите родители од Габрово и Ѕвегор се согласиле децата да го продолжат образованието во централното основно училиште „Ванчо Прке“. За учениците од Вирче се договорени решенија согласно со нивниот избор, вклучително и префрлање во „Св. Климент Охридски“.

Новоселски нагласи дека станува збор за привремен престанок со работа. Министерството за образование и наука веќе даде согласност за привремен престанок со работа на подрачните училишта во Габрово и Ѕвегор при ООУ „Ванчо Прке“, како и на училиштата во Стамер и Вирче при ООУ „Св. Климент Охридски“.

Ако во иднина се создадат услови и се зголеми бројот на ученици, тие повторно би можеле да започнат со работа. Објектите нема да останат неискористени – се разгледува можноста грижата за нив да ја преземат месните заедници или невладини организации за активности од општ интерес. На советнички прашања беше појаснето дека наставниците ангажирани на неопределено време ќе бидат задржани, додека договорите на оние на определено време нема да бидат продолжени, ако нема услови за нивен ангажман.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top