Признава ли Бугарија индиректно дека во Албанија нема Бугари туку само Македонци?
Ова може да се заклучи по молкот на официјална Софија за одлуката на албанската влада да гради камп за бегалци на територијата на општина Пустец која е единствена албанска општина каде Македонците се доминантна етничка група.
Досега владата во Софија, најмоќните политичари како Радев и Борисов, ниту ВД претседателката Јотова не кажале ,,Јота” за камповите во општината која според Бугарија е населена со Бугари.
За разлика од нив македонските власти работат и зборуваат на темата.
Македонската претседателка, пред два дена во Скопје пред колегата од Албанија Бегај, порача дека за ова прашање албанските власти треба да ги прашаат и жителите на Пустец, а за исходот да ја информираат и македонската влада.
Доколку Бугарија навистина мисли дека во Пустец живеат Бугари тогаш сигурно од позиција на членка на ЕУ ќе реагираше до официјална Тирана со цел да спречи кампови за бегалци блиску до наводните Бугари, коментира искусен дипломат кој добро ги познава состојбите на Балканот.
Тој вели дека има и друго теоретско сценарио во кое Бугарија мисли дека има Бугари во Пустец но не се грижи за своето новосоздадено малцинство. Ова сценарио е невозможно вели дипломатот затоа што сите знаеме дека ако навистина има Бугари во Пустец и Албанија, официјална Софија ќе стави вето за населување на мигранти од Африка и Азија во бугарски средини.
Темата за камповите во Пустец ја отвори ТВ Сител од каде на претседателот на Албанија Бајрам Бегај му поставија прашање на прес конференцијата со колешката Гордана Сиљановска-Давкова.
„Ние ги третираме малцинствата со посебен закон и им се заштитени сите права што им следуваат со него“, рече Бегај, додавајќи дека тоа што ќе се гради таму камп за мигранти не значи неоходно и дека ќе бидат сместувани. Според него, кампот е дел од договорот со ФРОНТЕКС за обезбедување на капацитети при евентуален мигрантски наплив, но дека Албанија прави сѐ да спречи доаѓање на илегални мигранти во земјата.