Македонија

Продолжен домашниот притвор на Артан Груби

Досега не дал исказ пред јавен обвинител, а нНеговата одбрана,била во завршна фаза на разгледување на доказниот материјал

На поранешниот prv вицепремиер Артан Груби му е продолжен домашниот притвор во рамки на истрагата за злоупотреби поврзани со Државна лотарија на Северна Македонија, потврдија од скопскиот Кривичен суд.

Според судот, мерката е продолжена по барање на Обвинителството, при што на Груби му е определен домашен притвор со 24-часовен полициски надзор.

По повеќе од 14 месеци во бегство, Груби се врати на 23 февруари, но наместо да биде во затвор, поради закани по неговата безбедност, обвинителството побара, а судот му одреди домашен притвор.

Груби е осомничен, заедно со уште еден бегалец, поранешниот директор на Лотаријата „Перпарим“, Бајрами, за злоупотреба при набавка на VLT машини, во кој случај Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија проценува дека државата е оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Истрагата сè уште е во тек, а Груби досега не дал исказ пред јавен обвинител. Неговата одбрана, како што соопштува адвокатот, е во завршна фаза на разгледување на доказниот материјал.

Поранешниот функционер претходно беше ставен и на „црната листа“ на САД поради сомнежи за корупција, што дополнително се поврзува со пошироката предистрага на надлежните институции.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

To top