Македонија

Продолжува истрагата против бизнисмените Јаховски и Капушевски за случајот со мазутот

Нови насоки и дополнителни вештачења

Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ и нареди да се продолжи истрагата за набавките на мазут наменети за ТЕЦ Неготино. Претходно Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја беше запрела постапката против 13 физички лица и едно правно лице.

Со новото решение, ОЈО ГОКК е задолжено повторно да ги испита сомневањата за злоупотреба на постапка за јавна набавка и перење пари. Обвинителот што постапува во предметот добил дополнителни насоки.

При разгледувањето на предметот, Вишото обвинителство констатирало слабости во вештачењата врз кои првостепениот обвинител ја темелел одлуката за запирање. Поради тоа се бара повторно да се утврдат сите поединечни дејствија на осомничените и да се провери дали некој од нив, директно или со помагање, овозможил голема имотна корист за еден од осомничените и неговото правно лице.

Посебно треба да се испита дали средствата што ЕСМ ги добил наменски од државниот буџет биле злоупотребени преку примена на повластената законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки.

ОЈО ГОКК е задолжено да прибере дополнителни податоци од повеќе институции и да нареди нови вештачења, за прецизно да се испитаат сите околности и евентуалната кривична одговорност.

Претходно истрагата беше запрена по околу една година постапување, со образложение дека не биле утврдени докази дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар. Во постапката беа опфатени 13 лица, меѓу кои и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

Предмет на истрагата се набавките на мазут за време на енергетската криза, сомневањата за незаконито склучување договори и анекси, како и перење пари.

ОЈО ГОКК тогаш тврдеше дека постапките биле спроведувани во услови на прогласена енергетска криза и согласно законските исклучоци, дека биле контактирани сите оператори со лиценца и дека не била утврдена штета за ЕСМ или за буџетот. ЕСМ како оштетено правно лице поднесе приговор, кој сега е уважен.

Со одлуката на Вишото јавно обвинителство, тие заклучоци повторно ќе бидат предмет на проверка, а истрагата практично се враќа во активна фаза.

Најнови вести од: Македонија

ЕОС Матрих Македонија на пиедесталот во рамки на EOS Групација

ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

To top