Македонија

Продолжува расколот во СДСМ – Костадинов повикува на формирање независни листи во Струмица

Објави јавен повик со струмичани

Откако своето членство во СДСМ го стави во мирување бидејќи партијата со друг кандидат излегува на претстојните локални избори, актуелниот градоначалник на Струмица денес објавува ЈАВЕН ПОВИК ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА СТРУМИЦА.

Ги прашува: Дали сте подготвени да се вклучите во создавање на најдоброто можно утре за нашиот град и нашите села?

Фејсбук статусот на Костадин Костадинов погледнете го во продолжение:

Почитувани сограѓани, Поради растечкиот интерес и секојдневните пораки за можноста за независна кандидатура за градоначалник, сметам дека е чесно и одговорно прво да го консултирам токму народот – вие што живеете, работите и сонувате тука.

Од разговорите со вас, здруженијата, месните заедници и луѓето што не се плашат да го кажат своето мислење, произлезе иницијатива за две независни советнички листи:

1. Советничка листа за турската и ромската заедница – со цел гласот на најголемите малцински етнички заедници во Струмица да биде јасно, достоинствено и силно застапен во локалната власт. Се надевам дека ќе се одржат и средби со сите партии и здруженија кои сакаат да партиципираат во еден заеднички и достоинствен настап за поголемо претставништво на овие заедници.

2. Советничка листа за визија и развој – со фокус на креирање политики за напредок на градот и секое струмичко село.

Простор има за сите!

Нема мали или големи луѓе кога се работи за голема идеја. Без разлика дали сте лекар, бизнисмен, земјоделец, професор, нотар, уметник, пензионер, ученик или чистач – ако имате идеја, визија и желба за подобра Струмица, ве повикувам да ми се јавите.
Процесот ќе биде анонимен, ќе се организираат индивидуални средби, ќе има простор за сите мислења.

Ова не е политика против некого – ова е политика ЗА нешто.

Политика на здрав разум, достоинство и еднаква можност за сите.

Секој што сака да биде дел од нешто ново, чесно и визионерско – нека ми испрати порака. По ова следуваат денови на разговори, слушање и заедничко размислување.

Конечните одлуки како што кажав за дали ќе има независна кандидатура дали воопшто ќе се вклучиме во процесот или не ќе биде јавно кажан за неколку недели, до тогаш започнуваме со широки консултации.

Најнови вести од: Македонија

Во Кина пробиена планина долга 22 километри и се изгради најдолгиот автопатски тунел!

Кина го пушти во употреба најдолгиот автопатски тунел во Азија, долг 22,13 километри, кој минува низ планините во покраината Гуиџоу. Тунелот „Тјаншан Шенгли“, со модерно осветлување и бетонска конструкција, веќе се смета за едно од најзначајните инженерски остварувања во регионот.

Цветановски: Изјавите на Лејла Кадриу за случувањата во СЈО не се изненадување за правосудната фела

„Можеби за дел од јавноста изјавите на колешката Кадриу беа изненадување, но сигурен сум дека за правосудната фела, особено моите колеги обвинители, не. Кадриу само го потврди тоа што потајно се шпекулираше за случувањата зад затворени врати во СЈО. Сега тоа не се шпекулации, туку потврдување од сведок кој лично ги увидел состојбите“, вели обвинителот Јово Цветановски во интервју за „Република“ .

ВМРО ДПМНЕ: Не Стојановска, туку Трендафилов да одговара за злоупотреба на службено возило за приватни цели!

„Наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов одбра со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва за да го прикрие сопствениот скандал. Додека лицемерно ги повикуваше пратениците да одат пешки, ‘синдикалецот’ Трендафилов истиот ден се појави на протест со службено возило, а јавноста веќе виде како тоа исто возило се користи за семејни потреби како да е негова приватна сопственост.“ – реагира пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Украл бакарни кабли вредни 200 илјади евра од градилиштето за подземниот булевар во Скопје!

Вработен во обезбедувањето на подземниот булевар во изградба кај комплексот Дајамонд во центарот на Скопје заврши со лисици на рацете. Полицијата го товари дека за еден месец украл околу два километра бакарни кабли од градилиштето за подземниот булевар. Според информацијата на МВР вредноста на украдените бакарни кабли изнесува околу 200 илјди евра.

ВМРО-ДПМНЕ предлага уште пет години рок за легализација на бесправно изградените објекти

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за да не останат граѓаните со нерешени статуси за своите домови, поради административни пречки, или бавни процедури.

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Најнови вести

To top