Македонија

Протест на ОМД кон Бугарија: Ако е закана Менкиноски, кој ги брани правата на Македонците пред ЕСЧК, тогаш сите сме закана!

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон, САД, изразува сериозна загриженост и протест поради одлуката на бугарските власти со која на адвокатот Тони Менкиноски му се изрекува 10-годишна забрана за влез во Бугарија.

Преку објава на својот фејсбук-профил Организацијата на македонското иселеништво во Соединетите Американски Држави нагласува: Оваа мерка претставува сериозно нарушување на слободата на движење и правото на адвокатска работа, особено имајќи предвид дека Менкиноски ги застапува Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права.

Ако адвокат кој ги брани човековите права се смета за закана, тогаш сите што се залагаат за правда се закана.


Ако Тони Менкиноски е заканa, тогаш сите сме закана.


ОМД ги повикува бугарските власти да ја преиспитаат оваа одлука и меѓународните институции внимателно да го следат случајот, со цел почитување на основните европски вредности и човекови права.

Најнови вести од: Македонија

Грчки „патриоти“ ја штитат и Македонија од евентуален напад од Иран

Атина ја презеде заштитата на македонскиот воздушен простор во рамките на НАТО, а на барање на Софија ја штити и Бугарија со распоредување батерија „патриоти“ на северот од земјата и со двојка ловци Ф-16

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

To top