Македонија

Прв смртен случај со грип сезонава, почина 75 годишна жена – во првата седмица од јануари 1725 грипосани во земјата

Од Институтот за јавно здравје велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.

Седумдесет и пет годишна жена починала на Клиниката за Инфективни болести кај која потврдиле грип од типот А, жената која починала пред три дена имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против сезонскиот вирус.

Институтот за јавно здравје ја следи состојбата со грип низ целата земја.

Во првата недела од јануари се регистрирани 1.725 случаи, што е двојно повеќе од претходната недела, а доминантен е типот инфлуенца А.


Најнови вести од: Македонија

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top