Македонија

Првото училиште во Подвис беше упориште на македонскиот идентитет! Ако не се подобри наставата по мајчин јазик, ќе се разниша и македонската свест кај децата!

„Ако продолжи да тоне наставата по македонски јазик, последиците ќе бидат несогледливи: изгубено чувство за јазик, осиромашена култура на изразување, разнишана свест за македонскиот идентитет и сосема загубен интерес кај новите македонски поколенија за изучување и проучување на мајчиниот македонски јазик!“ – предупредува проф.д-р Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Пишува: Свето Тоевски

„Деца, отсега натаму ќе си учите на нашиот мајчин македонски јазик, и нема веќе да се презивате на -иќ, туку на –ски! – им рекол учителот Василко Ристески на 23-те дечиња на 17 септември 1943 година во новоотвореното училиште во кичевското село Подвис, првото училиште воопшто во слободна Македонија. Училиштето, за кое постојат сведоштва дека го носело името на македонскиот поет Коле Неделковски, е првото, кое започнало со работа на слободната територија на Македонија, и покрај тоа што виорот на војната беснеел и натаму на другите неослободени делови на Македонија, под окупаторот, како и во Балканот и ширум Европа и светот. Училиштето во Подвис постоело и пред Втората светска војна, но во него се учело на српски јазик.

Драган Дамјановски, преселен во Австралија, кој учел во ова училиште во Подвис од прво до четврто одделение во шеесеттите години од минатиот век, во октомври 2021 година има изјавено: „Училиштето е отворено речиси една година пред одржувањето на АСНОМ. Ова е мал, но важен доказ, кој говори против сегашните бесмислици на Бугарија дека јазикот ни е создаден од времето на АСНОМ. Татко ми учел македонски мајчин јазик од мајка му Стојанка и татко му Миле, а тие од нивните родители. Објектот на оригиналното старо училиште се распаѓа и е оставено на забот на времето. Истото се случува и со зградата од ‘поновото’ училиште во рамнината во Подвис. Имам пишувано речиси до сите влади на самостојна Македонија, до сите министри за образование, премиери и претседатели. Никој ниту ми одговорил, ниту презел нешто да се спаси барем историското училиште од целосно распаѓање.“

Така се случи лани, на неколку дена пред 81-вата годишнина, откако беше отворено ова прво училиште на македонски јазик во Македонија, ова упориште на македонскиот идентитет и македонската национална свест – да се затвори! Учител повеќе нема во Подвис, ниту ученици. Останаа само разурнатите ѕидови во историското училиште повисоко во планината, но и ѕидовите на дотраеното „поново“ и од 2024 година затворено училиште подолу во селото Подвис, тивко да шепотат, иако ќе нема да ги чуе никој: Деца, отсега натаму нема да учите повеќе на мајчин македонски јазик во Подвис, училиштето се затвори, а и вас ве снема!

Опаѓањето на бројот на ученици е закана за можно затворање и други основни училишта во кичевскиот регион, поради миграцијата на населението  и празнењето на селата. Во некои од нив има уште само по два ученика! Но, ваква е состојбата и на ниво на цела Македонија. Според податоците на државниот Завод за статистика, во Македонија во изминативе три години затворени се дури 33 основни училишта. Бројот на ученици во нив е намален за 4283 деца. Во споменативе бројки се забележани и одреден број училишта на албанскиот и други наставни јазици. Дали реалноста содржи уште понегативни бројки од овие статистичкиве, дали ѕвонат училишните ѕвонца во уште помал број основни училишта? Дали има уште поголем пад во бројот на ученици низ цела Македонија, ако не е се пријавено и статистички забележано? 

Затворените основни училишта со настава на македонски јазик претставуваат и затворени упоришта на македонскиот идентитет, исто како и основното училиште во Подвис. Во нив повеќе не се одржува и не се шири македонската национална свест кај најмладото македонско поколение во односните подрачја на Македонија, демографски испустени. Тоа мора да се сопре! Покрај затворањето на се поголем број училишта со настава на македонски јазик, проблеми и големи забелешки има и во врска со наставата по македонски јазик. Дечињата пред 82 години во Подвис учеа без учебници, без тетратки, ама со голема љубов и ентузијазам за восприемање и навлегување во мајчиниот македонски јазик. Денес не е така… 

Д-р Елка Јачева-Улчар професорка и научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“  од Скопје“ посочува дека во минатото македонскиот јазик во училиштата се изучуваше со ентузијазам – учениците со љубопитност и љубов навлегуваа во неговиот свет и ја градеа свеста за сопствената културна припадност.

„Денес сликата е многу поинаква. Масовните иселувања придонесоа за намалување на бројот на учениците во државата, па дури и за затворање на училишта, особено во селските средини. Во градските средини англискиот јазик и дигиталните кодови ја потиснуваат функцијата на мајчиниот јазик, предизвикувајќи сè почесто мешање на јазичните системи кај децата, а понекогаш и превладување на англискиот јазик за сметка на македонскиот јазик. Сепак, клучниот проблем не е само во демографските и социолингвистичките услови, туку во организацијата на наставата. Наставните програми се застарени и не ја следат динамиката на современиот живот и комуникација.– забележува критички Јачева-Улчар.

Таа се залага македонскиот јазик да биде предмет, преку кој ќе се развиваат критичкото мислење, јазичната култура и стилот на изразување, а не да се сведува на механичко репродуцирање на наставните содржини. „Оваа состојба дополнително се влошува со ослабениот кадровски состав. Наставниците премногу често се избираат не според стручност и квалитет, туку според партиска припадност и врски. Истата партиска матрица се применува и при изборот на учебници, при што не се избираат најдобрите учебници. Таа штетна практика мора итно да се напушти, ако сакаме македонскиот јазик да ја задржи својата улога како темел на образованието и идентитетот. – напомнува професорката Елка Јачева-Улчар.

Според неа, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието треба да престанат со формалните постапки за избор на учебник „меѓу неколку учебници.“ „Затоа што што многу ретко, а најчесто – никогаш не се избира најдобриот учебник. Треба да се формираат стручни тимови од компетентни професионалци за секое одделение одделно и на тие тимови треба да им се даде разумен рок да изработат еден учебник, заснован врз современи наставни програми. Во тие наставни програми нагласката  да биде ставена врз учењето НА јазикот како жив, креативен и продуктивен израз, а не само на фактографско учење ЗА јазикот. Во спротивно, наставата по македонски јазик ќе продолжи да тоне, а последиците ќе бидат несогледливи: изгубено чувство за јазик, осиромашена култура на изразување, разнишана свест за идентитетот и сосема загубен интерес кај новите генерации за негово изучување и проучување.“ – заклучува оваа експертка за македонски јазик.

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Македонија

Тим на УНЕСКО во мај доаѓа во Охрид и Струга – Мицкоски: За Коридорот 8 има решение, но што да правиме со надградбите?!

Во втората половина на мај, делегација на УНЕСКО се очекува да дојде во Македонија за одблиску да разгледа можност за решение за делницата Требеништа–Ќафасан од Коридорот 8 во заштитената зона на Охридското езеро. Премиерот Мицкоски изјави дека проблем не е само трасата, туку и бесправните градби во Струга и Охрид, направени во изминатите години и покрај предупредувањата за можно отстранување од листата на светско културно и природно наследство. Тој додаде дека жителите имаат проблеми со градежните ограничувања поради проширување на семејствата.

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик, неточно е дека некој сака да ја намали неговата употреба, затоа да не се манипулира со ова!

„Сакам да упатам еден апел, бидејќи премногу се манипулира со ова прашање. Никој нема да го чепне албанскиот јазик. Уставниот суд постои, за да помогне во уставно-загарантираните права дали се јазични, дали се соодветна правична застапеност, да бидат заштитени а не да ги укине. Тие се уставна категорија така што не ги прифаќам никако тие квалификации дека некој сака да го укине албанскиот јазик, да ја намали употребата, или да го загрози албанскиот јазик. Тоа е апсолутно неточно!.“ – нагласи претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Дарко Костадиновски во интервјуто за емисијата „Со факти”, емитувана на 08.04.2026 година на МРТ 1.

Хаџиу: Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност! Ако продолжи нивното потценување како државотворен чинител, ќе се отвори пак фронт во Балканот!

„Албанците во Македонија се соочуваат сега со политичка практика, која ги потценува и ги релативизира, иако се државотворен чинител, а на ова нема никаков јасен и силен одговор од официјална Тирана. Секое слабеење на Албанците како фактор не е само нивно прашање. Тоа е отворање нов фронт во област, која отсекогаш била кревок тампон на Балканот.“ – наведува новинарот и политички аналитичар од Косово Батон Хаџиу во својата колумна со заканувачки наслов „Македонија без Албанците не е држава, таа е опасност!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје.

Скопјаните Љ.А.(35) и Н.Д.(40) нападнале пејачка во локал во Аеродром и ѝ се заканувале, па полицијата ги уапсила!

Двајцата напаѓачи се лишени од слобода по инцидентот во угостителскиот објект на подрачјето на општина Аеродром, каде што, според пријавата, физички ја нападнале пејачката и ѝ упатувале закани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фаризи: ДУИ не може да функционира во правна држава, туку само во илегала, бидејќи оттаму се дојдени! – Нивен беше протестот за правосудниот испит на албански јазик!

„Ние треба да водиме надворешна политика, која ќе биде во рамнотежа со сите големи актери на светот. Ние сме демократска држава со стремеж кон Европската унија, но треба да ја водиме политиката според интересот на нашата држава, а не како ќе му се допаѓа на некој друг. Христијан Мицкоски дојде на власт со ветување дека ќе има цврст став оти нема да се промени на Уставот, ако нема гаранција од страна Бугарија. Тоа го подржувам. Ние не сме единствената држава, која има преговарано со соседите и нема држава, која платила толкава цена.“ – нагласува политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи во одговорот на прашањето како ја оценува Македонија на надворешен план, во рамки на интервјуто за „Република“.

Најнови вести

To top