Македонија

Пукање во центарот на Куманово, ранет доктор и носител на советничка листа на ДУИ

Едно лице било повредено попладнево во вооружен инцидент што се случил во центарот на Куманово, на улицата зад општинската зграда

Едно лице било повредено попладнево во вооружен инцидент што се случил во центарот на Куманово, на улицата зад општинската зграда. Според неофицијални информации, ранетиот е Зекирија Шаини, вработен на скопската Клиника за пулмологија и носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково. Сепак, според првичните информации, нема индиции дека мотивот за нападот е политички.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека инцидентот бил пријавен во 13:54 часот во СВР Куманово. Според нив, две лица од возило во движење пукале кон автомобил марка „Фолксваген Голф“, управуван од З. Ш. (43) од селото Слупчане, општина Липково. Од пукањето Шаини се здобил со повреди и најпрво бил пренесен во кумановската болница, а потоа, бил префрлен на скопските клиники.

Поради истрагата, ул. „11 Октомври“ во Куманово, каде што се наоѓаат општинската зграда, судот, полицијата и поштата, е блокирана за сообраќај.

Од Основното јавно обвинителство Куманово соопштија дека двајца јавни обвинители излегле на терен и вршат увид, при што се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Според нивните првични информации, не постојат индиции дека мотивот за нападот е политички, но сите околности околу случајот детално се проверуваат. По напаѓачите, информираат од обвинителството, сè уште се трага.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top