Македонија

Радарот на Скопскиот аеродром е ставен во функција – објави Николоски

Проблем кој траел 30 години решен за само три дена

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, бидејќи е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 години и минатата влада не донела одлука да се монтира новиот радар и притоа најави дека на следната седница на Владата ќе биде донесена одлука тој да биде монтиран што е можно поскоро. Во трите дена додека се решавал проблемот со радарот, потенцира николоски, не била доведена во прашање безбедноста на авиосообраќајот за што, како што истакна говори и тоа што ниту една авиокомпанија не ги откажала летовите.

-Би сакал да споделам убави добри вести, а тоа е дека од утрово радарот е ставен во функција, и проблемот е решен. Така што, од утрово имаме целосно функционален радар на скопскиот аеродром и на тој начин проблемите се решени. Би сакал да кажам дека успеавме проблемот да го решиме во рекордно време од само три дена и уште повеќе да детектираме една работа која што не беше позната на јавноста, а тоа е дека и досега, седум години наназад овој радар работел само со еден канал. Во овие три дена, со заедничка координација на повеќе ресори од Владата, благодарност до сите, како и на премиерот, но и благодарение на активната работа на раководството на МНАВ, на сите стручни лица во МНАВ, како и во пријателска соработка со неколку странски држави успеавме да најдеме решение и се двата канали се во функција. Значи не еден, туку два канали имаме функционални, рече Николоски заблагодарувајќи се притоа и на контролата на летање од Бугарија, и на италијанската Влада.

Вицепремиерот нагласува дека во следниот период не постои ни теоретска можност за било што да се случи.

-Она што исто така сакам да кажам е дека мислам оти опозицијата мора да е многу внимателна кога изнесува информации во јавност, пред се коишто се од безбедносен карактер, затоа што последно нешто што ни треба да се створи паника меѓу населението. Сите безбедносни протоколи беа испочитувани овие три дена, и гледате најнормално полетуваа и слетуваа на аеродромот во Скопје авиони од сите авиокомпании, ниедна не откажа, затоа што сите безбедносни протоколи беа испочитувани и така ќе продолжи да биде и во иднина, рече вицепремиерот Николоски.

Според него, суштинското прашање е зошто тој радар е стар 27 години.

-За него престанале да се произведуваат делови пред седум години, односно на 20-тата година од инсталирањето на радарот веќе не се произведуваат резервни делови и навистина е чудо како успеавме да најдеме резервни делови. Во исто време сакама да прашам зошто претходната влада на СДСМ не го инсталираше, не го монтираше целосно новиот радар којшто е пристигнат во Скопје од компанијата Леонардо и стои немонтиран. И еве да најавам на следната седница на Влада во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе пристапиме кон монтирање на радарот, така што ќе имаме целосно нов радар за контрола на летање, рече Николоски.

Истакна дека денеска од 12 часот на пладне скопскиот аеродорм има функционален радар.

-Јас денеска слетав на скопскиот аеордорм. Така што и тоа е една гаранција за безбедност, што сум решил и јас да го користам скопскиот аеродром, рече вицепремиерот и министер за транспорт Николоски во одговор на новинарско прашање по увидот во реализација на инфраструктурни проекти во Општина Кавадарци.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Најнови вести

To top