Македонија

Раст на домашната е-трговија: Промет од 156 милиони евра само во првиот квартал

Иако вкупната вредност на онлајн купувањата продолжува да расте, анализата покажува дека просечната вредност на една трансакција кај домашните е-продавници благо се намалува.

Вкупната вредност на  онлајн трансакциите во првиот квартал од годинава изнесува 266 милиони евра, што претставува раст од 18,1% во однос на истиот период минатата година. Во оваа вредност се вклучени онлајн купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, како и купувањата на странски потрошувачи кај македонските е-трговци, соопшти Асоцијацијата на е-тровци. Притоа во македонските е-продавници завршиле 156 милиони евра, од кои  повеќе од 140 милиони евра се на домашни потрошувачи и 16,2 милиони евра на странски купувачи.

Македонските потрошувачи продолжуваат активно да купуваат и од странски е-продавници, при што во првиот квартал реализирале онлајн трансакции во вредност од 109,7 милиони евра, што претставува раст од 20,3% во однос на истиот период минатата година.

Покрај растот на вредноста, продолжува да расте и бројот на онлајн купувања кое во првиот квартал од годинава е зголемено за 16,4% во однос на истиот период минатата година. Притоа, кон македонските е-трговци бројот на направените е-трансакции е зголемена за 17,5% во однос на лани.

Од Асоцијацијата забележуваат дека иако вкупната вредност на онлајн купувањата продолжува да расте, анализата покажува дека просечната вредност на една трансакција кај домашните е-продавници благо се намалува.

Кај трансакциите од домашни картички кон домашни е-трговци, просечната вредност се намалила од 36 на 35,3 евра односно за 2,2%. Овој тренд е во согласност со фактот дека бројот на трансакции  расте побрзо од нивната вкупна вредност што укажува дека македонските потрошувачи трошат помалку по трансакција кај домашните продавници. Кај странските картички кон домашните е-трговци, просечната вредност се намалила од 41,3 на 37,9 евра  што исто така укажува дека странските купувачи реализираат повеќе поединечни купувања.

Спротивно на тоа, кај трансакциите од домашни картички кон странски е-трговци, просечната вредност пораснала од 31,3 на 33,6 евра. Вкупно, просечната вредност на една онлајн трансакција изнесувала 34,7 евра, што претставува раст од 1,5% во однос на истиот период минатата година. Во текот на првото тромесечје од 2026 година, регистрирани се 59 новоотворени онлајн продажни места, што претставува значаен показател за зголемена понуда и заинтересираност на бизнисите да влезат во е-просторот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

(Фото): Драго ми е што помогнавме во обнова на Старата чаршија – културно наследство во Гевгелија, рече Николоски

Министерството за транспорт ги издаде сите одобренија за реконструкција на објектите во Старата чаршија во Гевгелија, со што допринесовме да го заштитиме ова културно наследство, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам и градоначалникот на Гевгелија, ја пуштија […]

To top