Македонија

Разрешен судија кој од лани е на „црната листа“ на САД

Апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември лани е на црната листа на американскиот Стејт департментот, вчера бил разрешен од страна на Судскиот совет. Беџети од март годинава не доаѓал да даде исказ пред комисијата по повод отворената постапка за разрешување и поставањето на црната листа, кажувајќи дека е болен, дознава Плусинфо Стејт департментот на […]

Апелациониот судија Енвер Беџети, кој од декември лани е на црната листа на американскиот Стејт департментот, вчера бил разрешен од страна на Судскиот совет.

Беџети од март годинава не доаѓал да даде исказ пред комисијата по повод отворената постапка за разрешување и поставањето на црната листа, кажувајќи дека е болен, дознава Плусинфо

Стејт департментот на САД во декември 2024 година донесе одлука на црната листа да ги стави поранешниот вицепремиер на Македонија, Артан Груби, неговото семејство и судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд, поради нивно учество во значителна корупција.

За Беџети се води и предистражна постапка во Основното јавно обвинителство.

За разрешување на судијата Беџети гласале девет членови на Судскиот совет.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top