Македонија

Разрешувањето на јавниот обвинител Коцевски ќе почне многу наскоро

Откако беше стопирана

Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите најави дека процедурата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе започне многу скоро.

„Разрешувањето на Коцевски ќе започне многу наскоро. Тоа е процедура што ќе трае месец и пол, па и два,“ изјави Мицкоски.

Висок владин функционер пред неколку дена за ТВ24 најави дека Владата планира до крајот на месецот да ја активира постапката во Собранието.

„Планираме до крајот на месецот да заврши разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ќе го реактивираме предлогот и ќе биде пратен во Собранието,“ вели високиот функционер.

Коцевски, пак, постојано тврди дека иницијативата за негово разрешување е резултат на политичка одлука, а дека за неговата работа зборуваат „резултатите“.

Премиерот Мицкоски првично го стопираше процесот по трагедијата во Кочани, но пред десетина дена изјави дека Коцевски „ја пропуштил шансата“ и дека е незадоволен од неговото работење — отворајќи го патот за повторно активирање на разрешувањето.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top