Македонија

Реизбор на претседатели во 76 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки бара нови сили

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за нови идеи и нова енергија

ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за нови идеи и нова енергија. И токму затоа, на првата седница на Извршниот комитет донесена е одлука за генерален реизбор на претседатели на 76 Општинските комитети, на претседател на Унијата на Ветерани, на Унијата на жени и на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, информира генералниот секретар на партијата Драган Ковачки.

-Ова е шанса и можност за илјадници членови и активисти на партијата кои имаат визија, цел, знаење да допринесат кон развојот на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија. Потребни се луѓе со интегритет, кои ќе обединуваат, кои ќе го сплотат членството и кои одговорно и посветено ќе придонесат во креирањето на политиките. Политики кои значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, вели тој.

На овој повик можат да се пријават сите граѓани кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ најдоцна до 19-ти февруари, а јавниот повик е објавен на сајтот на ВМРО-ДПМНЕ (https://vmro-dpmne.org.mk/%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8 )

-И ова е одлична можност секој од вас да се приклучи и со визија, храброст и одговорност да делува во организацијата. Ова е можност за секој поединец кој дава максимален напор, енергија, искуство и посветеност, кој е правичен и може да ги води своите битки и да ги води своите браќа и сестри во нови победи. Ова е шанса за секој член кој сака активно да се вклучи во креирањето и носењето на одлуки. Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува. Сега е време да се вклучите и заеднички да делуваме! За доброто на нашето ВМРО-ДПМНЕ и за доброто на Македонија, порача Ковачки.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top