Македонија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

На својот фејсбук профил Дескоска информира дека изборот го сфаќа како признание за својата активност и за досегашниот придонес во работата на Комисијата

„Денеска сум избрана за потпретседателка на Венецијанската Комисија, која ја одржува својата 145та сесија на 12 и 13 декември во Венеција.

Во текот на вчерашниот ден за нова претседателка на Венецијанската Комисија е избрана Марта Картабија, професорка по уставно право и поранешна министерка за правда во Италија. Денеска се избрани тројца потпретседатели на Венецијанската Комисија: јас, Ерик Холмовик од Норвешка и Тимоти Оти од Обединетото Кралство.

Среќна сум за тоа што сум првата потпретседател/ка на Венецијанската Комисија која потекнува од Македонија, но исто така и која потекнува од земја која не е членка на ЕУ или од било која од земјите кои произлегоа од поранешна Југославија, пишува универзитетската професорка Рената Дескоска на Фејсбук.

„ Денешниот избор го сфаќам како признание за мојата активност и досегашен придонес во работата на Венецијанската комисија. Досега учествував во изработката на 14 мислења за различни земји, кои ги презентирав на пленарните седници и кои едногласно беа усвоени.

Воедно како претставник на Венецијанската комисија учествував и во повеќе мисии и конференции. Денешниот избор е обврска повеќе да продолжам со мојот ангажман на промоција на европските стандарди во областа на демократијата, човековите права и владеењето на правото“, наведува Дескоска и изразува благодарност до сите што ја поддржале на овој пат.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top