Македонија

Резолуцијата на Филипче се уште не доставена во Собрание: Стојановски најавува кривична одговорност за лажни вести и манипулации

Опозициската СДСМ со денови јавно ја повикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати нивната резолуција, која, според власта, би отворила врата за примање мигранти во Македонија. Меѓутоа, од Собранието потврдуваат дека резолуцијата на СДСМ сè уште не е доставена.

Опозициската СДСМ со денови јавно ја повикува владејачката ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати нивната резолуција, која, според власта, би отворила врата за примање мигранти во Македонија. Меѓутоа, од Собранието потврдуваат дека резолуцијата на СДСМ сè уште не е доставена.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, инсистира ВМРО-ДПМНЕ да докаже дека нема таен договор со Велика Британија за прифаќање мигранти.

Премиерот Христијан Мицкоски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираа овие тврдења, обвинувајќи ја СДСМ за ширење дезинформации и страв, и побараа реакција од Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери поднесоа своја резолуција, со која експлицитно гарантираат дека нема да има мигрантски кампови или прифаќање мигранти, поништувајќи ги сите претходни аранжмани од времето на владата на Зоран Заев. Оваа резолуција денеска се очекува да биде усвоена во Собранието.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека лагите на СДСМ се разоткриени: „Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДСМ сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации. Токму затоа преку Резолуцијата. јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани од поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара.“

Темата за мигрантите останува една од главните точки на судир меѓу власта и опозицијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top