Македонија

Ристески: Ќе направиме сè што можеме за да му помогнеме на „Макпрогрес“ од Виница во овој тежок период

Средба

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска ја посети фабриката на компанијата „Макпрогрес“ од Виница, каде во саботата изби голем пожар во погоните и магацините на фабриката.

Пожарот нанесе голема штета и уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката која е една од најголемите производни капацитети во Македонија.

На средбата со извршниот директор на „Макпрогрес“ Глигор Цветанов, заменик-министерот Ристески кажа дека државата ќе направи се што е во нејзина можност за да го помогне опстанокот и обновувањето на компанијата. Цветанов на средбата потенцираше дека компанијата претрпела сериозни штети од пожарите, но дека ниту еден од вработените од нивните капацитети нема да остане без работното место и плата.

Ристески даде поддршка на иницијативата на Стопанската комора за кампања за зголемена продажба на производите на оваа компанија и ги повика сите граѓани да се приклучат на оваа и сите останати иницијативи за поддршка на компанијата преку купување на производите кои се дел од компанијата „Макпрогрес“.

Мораме да го поддржиме домашното производство и ваквите акции и апелите од коморите и јавноста на социјалните мрежи, уште еднаш ја покажаа солидарноста на нашите граѓани кој знаат да се обединат и да помогнат кога е најтешко. Ги повикувам сите граѓани заедно да помогнеме во опстанокот на оваа компанија, да купуваме производи од брендовите на „Макпрогрес“ со што ќе и помогнеме на компанијата и нејзините вработени – кажа заменик-министерот Ристески.

„Макпрогрес“ од Виница е основана пред 35 години со повеќе од 500 вработени лица. Компанијата е една од најголемите компании од кондиторско-пекарската индустрија, која 75 проценти од своето производството го извезува во 45 држави во светот. Дел од брендовите на „Макпрогрес“ се производите „Винчини“, „Сончева Долина“, „Натура“, „Дониа“…

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top