Македонија

Ристески: Бевме сведоци на ужасот

Овој ден силно е врежан во моите мисли, кога заедно со повеќе од 100 резервисти бевне сведоци на ужасот

„Овој ден силно е врежан во моите мисли, кога заедно со повеќе од 100 резервисти бевне сведоци на ужасот. Загинатите се големи херои, ја дадоа својата жртва за татковината, што никој од нас не треба да заборави. Нивните имиња ќе бидат врежани во нашата меморија“ – рече денеска Марјан Ристески, кој е еден од преживеаните кај Карпалак.

Тој во својство на заменик министер за економија во името на владата, во Прилеп оддаде почит за десетте загинати резервиусти кои во 2001 година, подмолно, во терористички напад беа убиени во Карпалак – еден од најстрашнит злосторства кон припадници на вооружените сили на Македонија во конфликтот со ОНА.

„И наша должност е да се сеќаваме на нив, на нивната љубов кон татковината и да ја пренесуваме на следните генерации . Вечна им слава! – рече Ристески.

Делегациии од Собранието, од Владата, од Претседателот на РМ, АРМ, Министерството за одбрана, од општина Прилеп, од Здружението Карпалак, од семејствата на загинатите, од политичките партии, од Сојузот на борци, им оддадоа почит на загинатите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушидоски, Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски, убиени во заседата на осми август 2001 година, кога беше нападнат конвој на АРМ.

24 години од Масакрот кај Карпалак

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top